Речиси и да нема дилеми дека сите девојки на друштвените мрежи бираат агол кој ќе ги сокрие нивните маани, без целулитот и стриите да излезат на површина.

Кога оваа тема е во прашање, познатата манекенка Џорџи Кларк редовно објавува пред и потоа фотографии на кои покажува како изгледа нејзината фигура од различни агли на фотографирање.

Убавата манекенка, која воедно е и ТВ водителка вели дека ги споделува фотографиите од своето тело со цел да ја открие вистината за измамничките слики што инфлуенсерките ги објавуваат на социјалните мрежи.

-За фотографијата лево да биде ваква каква што е, морав да го пронајдам вистинското осветлување, аголот, да го свиткам задникот, да застанам на прстите, да си го вшмукам стомакот и да го задржам здивот, вели таа.

Во исто време, додава Кларк, за сликата од десната страна, само се насмевнала и опуштила.

Според неа, ретушираните фотографии штетно влијаат на самодовербата на луѓето.

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19